Како до совршена бразилска депилација

18-Ноември-2013 16:59

Бразилската депилација е многу популарна меѓу жените, но има многу малку дами кои знаат нешто повеќе за неа. Со оглед на тоа што венериниот брег е многу осетливо подрачје, мора да се наоружате со сите потребни информации за да не дојде до некои немили случувања како воспаление или иритација.

Може ли да се депилирате со восок додека имате менструација?

Да, депилација со восок може да се прави и за време на менструација, но бразилската депилација сепак не се препорачува, особено ако кожата ви е посебно осетлива за време на тој период.

Според стручњаците, најдобар ден за депилација со восок е денот кога сте најплодни, бидејќи тогаш толеранцијата на болка е најголема.

Дали е сигурно секојдневното бричење?

Според стручњаците, депилацијата со восок е посигурен избор, бидејќи на тој начин се отстрануваат влакната од коренот, што го ослабува фоликулот на влакното, така што тоа побавно расте, а после една година депилација влакненцата стануваат поретки.

Сепак, ако повеќе сакате бричење, водете сметка за тоа да се бричите во правец на растот на влакненцата и секогаш да користите крем или гел за депилација за да ја заштитите кожата од иритација.

Треба ли „таму долу“ да се направи пилинг пред или после депилација?

Ако влакненцата ги отстранувате со восок, пилинг на кожата би требало да направите до 48 часа пред отстранувањето на влакненцата. Веднаш после отстранувањето кожата би требало да ја намачкате со богата хидратантна крема и тој процес да го повторувате следните три дена.

Како да го избегнете појавувањето на „внатрешните“ влакненца и што да направите кога тоа ќе се случи?

За да ги избегнете внатрешните влакненца би требало редовно да правите пилинг, а ако влакненцата веќе пораснале, тогаш на воспаленото место нанесете производ кој го користите во борбата против акни, неколку пати на ден.

Go back

Коментари

comments powered by Disqus